свет

Германија: Полицијата соопшти дека нападот во Минхен не е поврзан со тероризмот

Хубертус Андреа, шеф на полицијата во Минхен, изјави дека нема индикации дека нападот e екстремистички и дека бил изврешен поради политичка или верска припадност

AP  | 21.10.2017 - Обновена : 22.10.2017
Германија: Полицијата соопшти дека нападот во Минхен не е поврзан со тероризмот

Minhen

МИНХЕН (АА) - Германската полиција соопшти дека „нема никакви сериозни сомневања” дека уапсениот 33-годишниот Германец, е напаѓачот кој утрово изврши напад со нож на улиците во Минхен, јавува Anadolu Agency (AA).

Тие додаваат дека осомничениот не сакал да даде какви било информации за мотивите на нападот, но не мислат дека нападот во саботата е поврзан со тероризам.

Хубертус Андреа, шеф на полицијата во Минхен, изјави дека нема индикации дека нападот e екстремистички и дека бил изврешен поради политичка или верска припадност.

Тој додаде дека официјалните лица веруваат дека осомничениот, кој претходно и бил познат на полицијата, има психолошки проблеми. Напаѓачот бил уапсен три часа откако со нож нападна осум лица во Минхен. Околу 500 полицајци трагаа по напаѓачот.

Четири лица беа повредени во нападот, но Андра истакна дека никој не е сериозно повреден.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın