свет

Германија: При пад на мал авион загинаа три лица

Малиот авион од тип Cessna 510, падна вчера во шумското подрачје во близина на градот Равенсбург

Ekip  | 15.12.2017 - Обновена : 15.12.2017
Германија: При пад на мал авион загинаа три лица

Berlin

БЕРЛИН (АА) - Обвинителите објавија дека двајца австриски и еден германски државјанин загинале при пад на мал авион во југозападна Германија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Малиот авион од тип Cessna 510, падна вчера во шумското подрачје во близина на градот Равенсбург. Авионот полетал од Франкфурт и патувал за Фридрихсхафен, а паднал на дваесетина километи од крајната дестинација.

Волфганг Ангстер, главниот обвинител во градот Констанц изјави дека загинале двајца австриски пилоти, 45 годишен од регионот Воралберг и 49 годишен од Виена. Од нив загина и патник 79 годишен Германец, кој живеел во регионот околу езерото на Констанц.

Службениците на спасувачката служба и итна помош успеаха да ги пронајдат телата и да ги тргнат од местото на несреќата, и обемното паѓање на снег. За причините за несреќата ќе се дознае повеќе по истрагата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.