свет

Германија: Уапсен е руски државјанин осомничен за поддржување на ДЕАШ

Во денешното соопштение на Обвинителството од Минхен се наведува дека 35-годишен маж e уапсен во баварскиот град Инголштад по опсежно тајно следење

Ekipa  | 22.02.2017 - Обновена : 22.02.2017
Германија: Уапсен е руски државјанин осомничен за поддржување на ДЕАШ

Berlin

БЕРЛИН (АА) - Германските власти уапсија руски државјанин обвинет за финансиска поддршка на ДЕАШ и за трговија со дрога, јавува Anadolu Agency (AA).

Во денешното соопштение на Обвинителството од Минхен се наведува дека 35-годишен маж, чие име не е објавено, бил уапсен во баварскиот град Инголштад по опсежно тајно следење. Неговата куќа и работно место се претресени, а запленети се неколку хард дискови и мала количина дрога.

Осомничениот кој е уапсен вчера, ја поддржувал ДЕАШ со сопствени пари, но исто така користел руски социјални мрежи за собирање пари. Во соопштението се додава дека тој наводно се занимавал со трговија на дрога.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın