свет

Гутереш: Санкциите се клучни за денуклеаризација на Северна Кореја

Антонио Гутереш, генерелниот секретар на ОН, денес изјави дека ОН се за потполно спроведување на санкциите кон Северна Кореја, клучни за решавање на порастот на ракетните и нуклеарните закани

Ekipa  | 14.12.2017 - Обновена : 14.12.2017
Гутереш: Санкциите се клучни за денуклеаризација на Северна Кореја

Tokio

ТОКИО (АА) - Антонио Гутереш, генерелниот секретар на ОН, денес изјави дека ОН се за потполно спроведување на санкциите кон Северна Кореја, клучни за решавање на порастот на ракетните и нуклеарните закани од страна на таа земја, пренесува Anadolu Agency (AA).

Гутереш, кој се состана со јапонскиот премиер Шинзо Абе во Токио, исто така изјави дека Северна Кореја мора да биде денуклеаризирана поради мирот и стабилноста во регионот. Генералниот секретар на ОН во Јапонија престојува за да присуствува на меѓународната конференција за здравствено осигурување.

Тој истакна дека резолуциите на Советот за безбедност на ОН ќе се спроведат во потполност, не само за Северна Кореја туку и за останатите.

„Мерките се пресудни за да се обезбеди дека постојат санкции и да се постигне целта, а тоа е денуклеаризација на Корејскиот Полуостров. Единствено Советот за безбедност е пресуден за тоа“, рече Гутереш и додаде дека е важно да му се дозволи и на дипломатскиот ангажман да дојде до мирно решение.

Абе изјави дека се согласува оти евентуалниот дијалог со Северна Кореја би можел да биде значаен и насочен кон денуклеаризација на таа земја.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.