свет

Доделени Нобеловите награди за 2017 година

На свечената кадемија во Стокхолм доделени се Нобелови награди за 2017 година од областа на физика, медицина, хемија, книжевност и економија

Atila Altuntaş  | 11.12.2017 - Обновена : 12.12.2017
Доделени Нобеловите награди за 2017 година

Stockholm

СТОКХОЛМ (АА) - На свечената кадемија во Стокхолм доделени се Нобелови награди за 2017 година од областа на физика, медицина, хемија, книжевност и економија, јавува Anadolu Agency (AA).

На доделувањето во Консертхусет присуствуваше шведското кралско семејство и голем број други гости.

Наградите ги врачи кралот на шведска Карл XVI Густав.

Нобеловата награда за физика ја добија Кип С. Торн, Рајнер Вајс и Бари Бариш, а за хемија добитници се Жак Дубоше, Јоахим Франк и Ричард Хендерсон.

Мајкл В. Јанг, Мајкл Росбаш и Џефри К. Хол се добитници на Нобеловата награда за физиологија/медицина.

Нобеловата награда за економија ја доби Ричард Х. Тејлр, а за книжевност Казуо Ишигуро.

На добитниците им е врачена диплома, меда и девет милиони шведски куни (околу 900.000 евра).

По доделувањето на наградите, следеше вечера на која беа повикани 1.500 гости, меѓу кои покрај 8 членови на кралското семејство и добитниците на наградите присуствуваа премиерот на Шведска Стефан Лофвен, министри од владиниот кабинет, претставници на партии и претставници на од други земји.

Пртходно, во норвешкиот град Осло, на Меѓународната компанија за укинување на нуклеарно оружје (iCAN) и беше доделена Нобеловата награда за мир.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın