свет

Евакуирана е првата група на цивили од западниот Мосул

Ирачкиот министер за миграции и мигранти Jaсим Ал Jаф изјави дека силите кои работат во оваа Министерство евакуирале 1.508 луѓе кои членовите на ДЕАШ ги користеле како жив штит

Haydar Hadi  | 25.02.2017 - Обновена : 26.02.2017
Евакуирана е првата група на цивили од западниот Мосул

Baghdad

МОСУЛ (АА) - За време на акцијата насочена против терористичката организација ДЕАШ во западниот ирачки Мосул извршена е првата евакуација на 1.508 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).

Ирачкиот министер за миграции и мигранти Jaсим Ал Jаф изјави дека силите кои работат во оваа Министерство евакуирале 1.508 луѓе кои членовите на ДЕАШ ги користеле како жив штит.

Евакуацијата беше спроведена во областа на ел Мемума во западниот дел на Мосул. Jаф рече дека ова е првата група на цивили, кои беа евакуирани од западот на овој ирачки град.

Евакуираното население според него, е сместено во камповите во јужниот дел на Мосул.

Евакуацијата на жителите на Мосул, од страна на коалициските сили со воздухопловна поддршка, започна кон крајот на минатата недела.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın