свет

Европска комисија: „Турција и ЕУ мора да продолжат да соработуваат“

Гласноговорникот на Европската комисија, Маргаритис Шинас, истакна дека средбите на турскиот претседател Ердоган со претставниците на ЕУ поминале во позитивна и конструктивна атмосфера

Şerife Çetin  | 29.05.2017 - Обновена : 30.05.2017
Европска комисија: „Турција и ЕУ мора да продолжат да соработуваат“

Brisel

БРИСЕЛ (АА) - Гласноговорникот на Европската комисија, Маргаритис Шинас, истакна дека средбите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со претставниците на Европската Унија (ЕУ) поминале во добра, позитивна и конструктивна атмосфера, јавува Anadolu Agency (AA).

Шинас на дневната прес-конференција информираше дека на минатонеделните средби во Брисел, меѓу турскиот претседател Ердоган и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, како и со претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск, се разговарало во врска со заедничките прашања на страните. „Турција и ЕУ мора да продолжат да соработуваат, и ќе продолжат“, истакна Шинас.

Тој нагласи дека започнува нов период во меѓусебните односи, како и дека Турција и ЕУ имаат зааеднички интереси. Шинас посочи дека во овие рамки, неопходно е да се дејствува заедно, и пренесе дека страните се договарале околу тоа заедно да дејствуваат.

Ердоган беше во посета на Брисел поради Самитот на претседатели на држави и влади на НАТО, а по трилатералната средба со Јункер и со Туск, одржа билатерална средба со Јункер, која траеше околу 30 минути. Исто така, претседателот Ердоган се сретна со претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани.

На средбите со претставниците на ЕУ беше истакнато дека треба да се реализира Договорот за бегалците, потпишан во март 2016 година, меѓу Турција и ЕУ.

Според соопштеното, на средбите коишто поминале во една позитивна атмосфера, било укажано на важноста на ревиталицазија на односите меѓу Турција и ЕУ, а се дискутирало и за потребата за зајакнување на соработката во борбата против тероризмот. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın