свет

Египет ја критикуваше одлуката на САД за задржување на помошта

Министерството за надворешни работи на Египет ја окарактеризира одлуката како одраз на лоша процена на природата на стратешките односи што ги врзуваат двете земји во текот на долги децении

Mohamed Sabry Emam Muhammed  | 23.08.2017 - Обновена : 23.08.2017
Египет ја критикуваше одлуката на САД за задржување на помошта

Kairo

КАИРО (АА) - Египет денес ја критикуваше одлуката на САД да задржат милиони долари за помош во врска со прашања од областа на човековите права, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението, Министерството за надворешни работи на Египет ја окарактеризира одлуката како одраз на лоша процена на природата на стратешките односи што ги врзуваат двете земји во текот на долги децении.

„На мерката ѝ недостасува длабоко разбирање за важноста на поддршката на Египет и за природата на економските и безбедносните предизвици со коишто се соочува египетскиот народ“, се додава во соопштението.

Министерството предупреди дека без да проценат, САД би можеле да имаат негативно влијание врз заедничките интереси на Египет и САД.

Официјален претставник на американскиот Стејт департмент вчера изјави дека Вашингтон нема да обезбеди 290 милиони долари за помош на Египет во врска со прашањата за човекови права.

„Најголемиот дел од таа сума, 195 милиони долари во странски воени средства, ќе бидат задржани на сметка на којашто може да се пристапи во секое време“, изјави официјалното лице за АА под услов да остане анонимно.

„Овие средства ќе се задржат како резерва додека не се види напредок од страна на Египет во врска со клучните приоритети“, изјави официјалното лице.

Дополнителните 65,7 милиони долари за воена помош и 30 милиони долари за економска помош, ќе бидат пренаменети за други клучни сојузници на САД.

Одлуката беше донесена поради спроведувањето од страна на Египет на контроверзен закон со којшто се ограничува работата на невладините организации (НВО) во земјата, како и недостатокот на напредок во човековите права, пренесе официјалното лице.

Администрацијата на САД мора да потврди пред Конгресот дека Египет постигнува напредок во унапредувањето на човековите права и демократијата, со цел да ја распореди годишната воена помош за Египет од 1,3 милијарди долари или да побара нејзино откажување поради националната безбедност.

Египет е важен сојузник на САД, и Вашингтон ја има обезбедно земјата со речиси 80 милијарди долари воена и економска помош во изминатите 30 години.

Мировниот договор на земјата со Израел претставуваше значаен развој во регионот, и контролата на Каиро врз Суецкиот Канал е силно логистичко средство. Египет стана вториот најголем добитник на воена помош од страна на САД по мировниот договор со Израел.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın