свет

Ерусалим: Во текот на интервенцијата на израелските сили убиен е Палестинец

Локалните извори тврдат дека не го убиле полицајците туку еврејските доселеници

Eshat Fırat, Turgut Alp Boyraz  | 21.07.2017 - Обновена : 21.07.2017
Ерусалим: Во текот на интервенцијата на израелските сили убиен е Палестинец

Quds

ЕРУСАЛИМ (AA) - Во текот на интервенцијата на израелската полиција по џума-намазот, петочната молива на муслиманите, на подрачјето Рас-ел Амунда во Источен Ерусалим загина Палестинец, јавува Anadolu Agency (AA).

Од палестинското Министерство за здравство соопштија дека Палестинецот починал поради добиени повреди во пределот на главата. Не го открија идентитетот на смртно страданиот Палестинец.

Локалните извори тврдат дека не го убиле израелски полицајци туку еврејски доселеници. Судирите кои денеска почнаа по џума намазот во улиците во околината на џамијата Ал-Акса во најголем дел се завршени. Меѓутоа, сеутше траат протестите и интервенцијата на израелските сили на Западниот брег.

Израелските безбедносни сили во понеделникот, по четири дена, ја укинаа забраната за влез во реонот Стар Град во Источен Ерусалим, но силните тензии во овој регион и понатаму траат.

Локалното муслиманско население во комплексот Ал Акса не можеше да влезе од петокот до понеделникот, а израелските сили во неделата и на влезот во комплексот поставија дополнителни контролни пунктови со детектори за метал. Локалните Палестинци протестираат поради тоа и одбиваат да влезат во комплексот, а молитвите ги извршуваат пред самиот објект.

Кризата во источен Ерусалим ескалираше во петокот наутро, кога израелските полицајци убија тројца Палестинци пред и во комплексот Ал Акса, а сето тоа резултираше со масовно стампедо во коешто беа повредени неколку лица, меѓу кои и двајца израелски полицајци кои починаа на пат кон болницата. Израелската полиција потоа нареди да се затвори комплексот Ал Акса, а Палестинците за првпат по окупацијата од 1967 година, петочната молитва ја извршија надвор од ѕидините на Стариот Град.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.