свет

ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија за уште шест месеци

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, преку „Twiter“ потврди дека челниците на земјите-членки се усогласиле санкциите кон Москва да бидат продолжени поради тоа што не ги применува одредбите од Договорот од Минск

Ata Ufuk Şeker  | 23.06.2017 - Обновена : 24.06.2017
ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија за уште шест месеци

Brussels Hoofdstedelijk Gewest

БРИСЕЛ (АА) - Челниците на Европската Унија (ЕУ) вчера, на самитот во Брисел постигнаа договор за продолжување на економските санкции кон Русија за уште шест месеци, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, преку „Twiter“ потврди дека челниците на земјите-членки се усогласиле санкциите кон Москва да бидат продолжени поради тоа што не ги применува одредбите од Договорот од Минск.

„Договорено е. Санкциите кон Русија се продолжуваат поради неприменување на Минскиот договор“, напиша Туск на „Twiter“.

Инаку, санкциите се однесуваат на руските банки, одбранбениот и енергетскиот сектор.

Санкциите кон Москва се воведени на 31 јули 2014 година, поради руската улога во судирот во Украина.

Три месеци подоцна, во септември 2014 година тие беа дополнително зголемени. Во март 2015 година санкциите беа продолжени, а како услов за нивното укинување е поставено почитувањето на Договорот од Минск. Поради тоа што договорот за примирјето во Украина не е во потполност спроведен, санкциите оттогаш се продолжуваат на секои шест месеци.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın