свет

За време на протестите во Кудс: Израелската полиција нападна и по земја влечеше Палестинка

Повеќе од 300.000 Палестинци кои живеат во Источен Кудс немаат државјанство на ниту една земја, а речиси 500.000 од нив живеат во страв дека секој ден би можеле да бидат протерани од градот.

Turgut Alp Boyraz, Eshat Fırat  | 16.12.2017 - Обновена : 17.12.2017
За време на протестите во Кудс: Израелската полиција нападна и по земја влечеше Палестинка

Kuds

КУДС (АА) - За време на протестите во Источен Кудс, организирани по повод одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел, израелските полицајци нападнаа една Палестинка влечејќи ја по земја, јавува Anadolu Agency (AA).

Имено, за време на протестите врз една група Палестинци интервенирала израелската полиција, а на портата на Дамаск по земја влечеле една жена. Од палестинската Црвена полумесечина наведуваат дека жената се здобила со телесни повреди и дека е хоспитализирана.

Во соопштението на Црвената полумесечина се вели дека Палестинката била нападната и удрена во глава од страна на израелсакта полиција

Генералното собрание на ОН, на 29 ноември 1947 година ја усвои резолуцијата со која се предвидува поделба на палестинската територија на палестинска и еврејска земја. Според планот на поделбата на ОН од 1947 година, историскиот простор на Палестина треба да се подели меѓу еврејска и арапска земја, а на Кудс да се даде посебен статус и да биде ставен под меѓународен суверенитет и контрола.

Причината за овој посебен статус е токму тоа што Кудс е свет град за три големи религии. Сепак, Израел го прогласи Кудс за главен град во 1980 година. Советот за безбедност на ОН со резолуцијата 478 го поништи самопрогласувањето од страна на Израел. До изминатата среда ниту една земја на Исток или Запад не го признаваше Кудс за главен град на Израел, сѐ до одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп.

Амбасадите на сите земји кои го признаваат Израел се наоѓаат во Тел Авив. Сепак, во согласност со одлуката на Трамп, амбасадата на САД ќе биде префрлена во Кудс.

Од друга страна, во Источен Кудс живеат повеќе од 200.000 еврејски доселеници чии наслеби се сметаат за илегални и спротивни на меѓународното право.

Исто така, повеќе од 300.000 Палестинци кои живеат во Источен Кудс немаат државјанство на ниту една земја, а речиси половина милион од нив живеат во страв дека секој ден би можеле да бидат протерани од градот.

На Палестинците не им е дозволена изградба на куќи во Источен Кудс, поради што се принудени да го напуштат градот, а доколку тоа го сторат тогаш враќањето им е забрането. Доколку еден од членовите на семејството се најде на израелската листа на терористи, како се нарекува учеството на нападите, тоа е причина целото семејство да биде протерано од Кудс.

Според податоците на органиацијата за човекови права B’Tselem, Израел од 1967 година ја укина дозволата за престој за 14.000 Палестинци при што тие се протерани од Источен Кудс.

Спротивно на тоа, Израел ги поттикнува Евреите од сите делови на светот да дојдат во Израел, со самото тоа и во Источен Кудс, и им доделува државјанство.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.