свет

Забраната на Израел за лекување во странство на пациенти од Газа зеде 9 животи

Од почетокот на годинава, животот го загубија 9 Палестинци, од кои 3 деца, поради запирање на издавањето дозволи за лекување во странство на пациентите од Појасот Газа

Ekipa  | 27.06.2017 - Обновена : 27.06.2017
Забраната на Израел за лекување во странство на пациенти од Газа зеде 9 животи

Gaza

ГАЗА (АА) - Од почетокот на оваа година, досега животот го загубија 9 Палестинци, од кои 3 деца, поради запирање на издавањето дозвола за лекување во странство на пациентите од Појасот Газа, подрачје кое е окупирано од страна на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).

Министерството за здравство на Газа објави соопштение во коешто се вели: „Поради забраната за лекување во странство на болните, од почетокот на 2017 година досега животот го загубија 9 лица, од кои 3 се деца“.

Во соопштението во коешто се наведува дека одговорноста за смртта на овие лица ја сносат израелското и палестинското раководство, се истакнува: „Израелското и палестинското раководство се оние кои ги лишија пациентите од лекување“.

Исто така, во продолжение на соопштението се вели дека во наредните денови е можно да се зголеми бројот на ваквите случаи, и се повикуваат релевантните организации за човекови права да подигнат тужба против одлуката што предизвика смрт на 9 лица, од кои 3 се деца.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.