свет

Кабул: Бројот на загинати во нападот врз хотелот порасна на 18 лица

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Наџиб Даниш, изјави дека 11 од 14 загинати биле вработени во приватната авганистанска авиокомпанија „KamAir“

Ekipa  | 21.01.2018 - Обновена : 21.01.2018
Кабул: Бројот на загинати во нападот врз хотелот порасна на 18 лица

Kabul

КАБУЛ (АА) - Најмалку 18 лица, меѓу кои и 14 странци, загинаа при опсадата на хотелот „Интерконтинентал“ во Кабул, Авганистан, пренесува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Наџиб Даниш, изјави дека 11 од 14 загинати биле вработени во приватната авганистанска авиокомпанија „KamAir“.

Тој рече дека 10 лица се повредени, вклучително и шест припадници на авганистанските безбедносни сили и четворица цивили.

Компанијата „KamAir“ соопшти дека откажала неколку летови поради нападот врз хотелот.

Украинската влада претходно соопшти дека меѓу загинатите во нападот има еден нивен државјанин.

Опсадата на хотелот траеше 13 часа и беше завршена откако авганистанските безбедносни сили го убија последниот од четворицата напаѓачи.

Одговорноста за нападот беше преземена од талибанците. Нивниот портпарол, Забинулах Муџаход, изјави дека првично планирале да го нападнаат хотелот во четвртокот вечерта, но нападот бил одложен бидејќи во тоа време во хотелот се одржувала венчавка.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.