свет

Западен Брег: Во судир убиен палестински тинејџер

„Седумнаесетгодишниот Мохамед Хатаб е убиен од израелските сили за време на судирот што се случи на влезот од бегалскиот камп Aл-Јалазон, северно од градот Рамала. Во судирот се ранети уште тројца Палестинци"

Ekip  | 24.03.2017 - Обновена : 25.03.2017
Западен Брег: Во судир убиен палестински тинејџер

Ramala

РАМАЛА (АА) - За време на судирите на окупираниот Западен Брег, израелските сили синоќа убија палестински тинејџер, објавено е од Министерството за здравство на Палестина, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Седумнаесетгодишниот Мохамед Хатаб е убиен од израелските сили за време на судирот што се случи на влезот од бегалскиот камп Aл-Јалазон, северно од градот Рамала. Во судирот се ранети уште тројца Палестинци“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Од друга страна, израелската војска наведува дека палестинскиот тинејџер е убиен откако наводно нападнал Израелци со запалива бомба.

Од октомври 2015 година, од страна на израелската војска се убиени 267 Палестинци, од кои поголемиот дел се усмртени поради наводни напади на Израелците, и за време на судирите со израелските војници.

Израелските извори велат дека во тој период, во напади од страна на Палестинците се убиени 47 Израелци.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.