свет

Западен Брег: Израелската војска приведе 21 Палестинец

Палестинското здружение на затвореници соопшти дека осум лица се приведени за време на рации во градот Витлеем, и дека израелските сили уапсиле осум Палестинци во Рамала, Хеброн, Наблус и Џенин

Anees Suheil Barghouti  | 17.01.2018 - Обновена : 17.01.2018
Западен Брег: Израелската војска приведе 21 Палестинец

Ramala

РАМАЛА (АА) - Израелските сили приведоа 21 Палестинец за време на рации низ Западниот Брег во текот на ноќта, пренесува Anadolu Agency (AA).

Палестинското здружение на затвореници соопшти дека осум лица се приведени за време на рации во нивните домови во градот Витлеем.

Во соопштението се наведува и дека израелските сили уапсиле осум Палестинци во Рамала, Хеброн, Наблус и Џенин, при што се додава дека петмина малолетни лица биле притворени за време на рациите во домовите во Источен Кудс.

Од израелската војска пак се истакнува дека израелските сили притвориле 13 Палестинци за време на рации на Западниот Брег, поради сомнение за вмешаност во „терористички активности“.

Според официјалните палестински податоци, околу 6 400 Палестинци се наоѓаат во затворите и центрите за притвор ширум Израел, вклучувајќи десетици жени и околу 300 деца.

Израелската војска во последно време често спроведува апсења на Западниот Брег, под изговор дека трагаат по „барани“ Палестинци.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.