свет

Западен Брег: Израелските сили уапсија парламентарен претставник

„Меѓу десетте уапсени Палестинци е и Мухамед Бадр, парламентарен претставник од редот на Партијата на Хамас за промена и реформи. Тој е уапсен за време на претрес на неговата куќа”, ѓ

Aness Suheil Barghoti  | 28.06.2017 - Обновена : 28.06.2017
Западен Брег: Израелските сили уапсија парламентарен претставник

Ramala

РАМАЛА (АА) - Најмалку десет Палестинци се уапсени во синоќешните операции на израелските безбедносни сили на подрачјето на окупираниот Западен Брег, а меѓу нив и еден парламентарен претставник на Хамас, јавува Anadolu Agency (AA).

„Меѓу десетте уапсени Палестинци е и Мухамед Бадр, парламентарен претставник од редот на Партијата на Хамас за промена и реформи. Тој е уапсен за време на претрес на неговата куќа”, изјави челникот на Здружението на палестинските затвореници, Кадура Фарес.

Израелските институции досега не ги коментираа синоќешните операции на Западниот Брег.

Според податоците на палестинските институции, во израелските затвори моментално се наоѓаат вкупно 12 палестински парламентарни претставници од редот на политичкото крило Хамас.

Во притвор во израелските затвори се наоѓаат најмалку 6.500 Палестинци, кои израелските власти ги држат како административни затвореници поради наводна закана за националната безбедност на земјата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın