свет

Започна одлучувачката битка за Мосул: Ирачките сили започнаа напад врз Стариот град

Стариот град е последното подрачје во Мосул коешто сѐ уште е под контрола на ДЕАШ

Mohamed Sabry Emam Muhammed  | 18.06.2017 - Обновена : 19.06.2017
Започна одлучувачката битка за Мосул: Ирачките сили започнаа напад врз Стариот град

Nineva

НИНЕВА (АА) - Ирачките сили денес започнаа операција за да го повратат Стариот дел од градот Мосул, кој е последното упориште на ДЕАШ во тоа подрачје, јавува Anadolu Agendy (AA).

Високиот ирачки командант Абдул-Амир Рашид Јар Алах, задолжен за операциите на армијата во покраината Нинева, истакна дека во операцијата се вклучени воените трупи, антитерористичките групи и федералната полиција.

Стариот град е последното подрачје во Мосул коешто сѐ уште е под контрола на ДЕАШ.

Стариот град е густо населено подрачје на тесни улички, каде што борбите претежно се одвиваат од куќа во куќа.

Ирачките сили, поддржани од коалицијата предводена од САД, водат опсежна офанзива за ослободување на Мосул од ДЕАШ, последното упориште на таа терористичка група во Ирак.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın