свет

ЕУ нема да посредува меѓу Каталонија и Шпанија

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека Европската унија (ЕУ) нема да посредува во решавањето на политичката криза меѓу властите во Каталонија и Владата на Шпанија

Hasan Esen, Ata Ufuk Şeker  | 20.10.2017 - Обновена : 20.10.2017
ЕУ нема да посредува меѓу Каталонија и Шпанија

Brussels Hoofdstedelijk Gewest

БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека Европската унија (ЕУ) нема да посредува во решавањето на политичката криза меѓу властите во Каталонија и Владата на Шпанија, јавува Anadolu Agency (AA).

„Нема потреба да се крие дека ситуацијата во Шпанија е загрижувачка, но мојата позиција, како и позициите на Европскиот совет и земјите членки во врска со ова прашање се многу јасни. Не постои никаков маневрирачки простор за ваков облик на посредување, меѓународна иницијатива или некој друг облик на дејствување“, изјави Туск за новинарите по првото заседание на Самитот на лидери на ЕУ во Брисел.

Тој нагласи дека политичката ситуација во Шпанија не е на дневен ред на институциите на ЕУ.

Тој истакна дека денес е разговарано и за запирање на протокот на бегалците преку Медитеранското море во Италија, напоменувајќи дека во тој контекст донеле одлука на земјите на Северна Африка да им пружат финансиска помош.

На прес-конференцијата присуствуваше и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Потсетуваме, во Брисел денес започна дводневниот самит на европски лидери кои ќе разговараат за голем број на теми како што се миграциите, Брегзит, функционалноста на ЕУ и меѓународната политика со посебен фокус на Северна Кореја.

Се очекува за време на Самитот да се разговара и за подобрата и поефикасна комуникација меѓу земјите членки на ЕУ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.