свет

Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтер ја погоди Јапонија

Земјотресот е регистриран во делови на Тотори, што доведе до прекин на некои железнички линии. Засега нема информации за евентуални жртви или за направена материјална штета.

Ekip  | 21.10.2016 - Обновена : 22.10.2016
Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтер ја погоди Јапонија

Tokio

ТОКИО (АА) - Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот дел на Јапонија, но не е издадено предупредување за цунами, јавува Anadolu Agency (AA).

Земјотресот е регистриран во делови на Тотори, што доведе до прекин на некои железнички линии. Засега нема информации за евентуални жртви или за направена материјална штета.

Според Институтот за геолошко мерење на САД, епицентарот на земјотресот бил 40,9 километри југозападно од градот Тотори на длабочина од 6,3 километри.

Во април оваа година два силни земјотреси го погодија Кумамото, оставајќи зад себе 49 мртви.

Јапонија е една од најактивните сеизмички подрачја во светот. На нејзината територија се случуваат дури 20 проценти од светските земјотреси со магнитуда шест или повеќе.

Крајбрежните области на Аомори, Ивате, Мијаги и Фукушима беа уништени по земјотрес со магнитуда девет во март 2011 година. Земјотресот предизвика цунами во кои загинаа околу 18.000 луѓе.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın