свет

Израел бара затворање на агенцијата на ОН која помага на палестинските бегалци

Нетанјаху ја обвини агенцијата дека со критиката на израелската политика поттикнува омраза кон Израел, и повика на интегрирање на агенцијата во поширока агенција на ОН за бегалци ширум светот

Kaamil Ahmed  | 11.06.2017 - Обновена : 11.06.2017
Израел бара затворање на агенцијата на ОН која помага на палестинските бегалци

Quds

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги повика ОН да ја затворат агенцијата која е задолжена за грижа и помош на палестинските бегалци на Блискиот исток, јавува Anadolu Agency (AA).

Зборувајќи на денешната седница на Кабинетот, Нетанјаху изјави дека на американската амбасадорка на ОН, Ники Хели и кажал дека дошло време ОН да го разгледа прашањето за понатамошно постоење на агенцијата UNRWA.

Нетанјаху ја обвини агенцијата дека со критиката на израелската политика поттикнува омраза кон Израел, и повика на интегрирање на агенцијата во поширока агенција на ОН за бегалци ширум светот.

Портпаролот на агенцијата UNRWA Крис Ганс, одговори на ова велејќи дека оваа агенција работи на јасен мандат даден од ОН.

„Ситуацијата на палестинските бегалци мора да се реши како дел од политичкото решение на конфликтот помеѓу Израелците и Палестинците. Време е политички да се дејствува во правец на решевање на долготрајната криза”, вели тој.

UNRWA е агенција основана во 1949 година со мандат да работи на обезбедувањето на основните потреби на пет милиони палестински бегалци на Блискиот исток и да се грижи за камповите во која се сместени поголемиот дел од тие бегалци.

Во петок агенцијата соопшти дека во Газа открила постоење на таен тунел кој спојува две училишта во тој блокиран палестински појас. Израел потоа го обвини палестинското движење Хамас дека ги злоупотребува децата и училиштата на UNRWA за подготовка на напади на Израел, а Хамас ги негираше тие обвиненија и порача дека ја почитува таа агенција и нејзината помош на палестинските деца и бегалци.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın