свет

Израелската армија спречи одржување на палестински демонстрации

Неколку стотици Палестинци се собраа денеска на мирен марш во знак на поддршка на палестинските затвореници кои штрајкуваат со глад барајќи подобри услови во израелските затвори и правда

Ekip  | 23.04.2017 - Обновена : 24.04.2017
Израелската армија спречи одржување на палестински демонстрации

Ramala

РАМАЛАХ (АА) - Групата палестински демонстранти и денеска се судрија со израелските сили за безбедност кои се обидоа да го спречат одржувањето на протестот во Западниот Брег, јавува Anadolu Agency (AA).

Неколку стотици Палестинци се собраа денеска на мирен марш во знак на поддршка на палестинските затвореници кои штрајкуваат со глад барајќи подобри услови во израелските затвори и правда.

Демонстрантите пристигна во линијата на разграничување во местото Беит Ел, каде што прво дојде до вербален конфликт со членовите на израелската армија.

Израелските сили потоа со солзавец и употреба на сила се обидоа да ги растераат насобраните палестинци, на што демонстрантите одговорија со палење на канти за ѓубре и каменување.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın