свет

Израелските доселеници исекоа 27 маслинови стебла, сопственост на Палестинци

„Група еврејски доселеници од населеното место Јицхар, кое се наоѓа јужно од градот Наблус, исекоа 27 родни маслинови стебла, сопственост на палестински земјоделци во подрачјето Буријн“, истакна во изјава за АА Гасан Даглас

Eshat Fırat  | 14.09.2017 - Обновена : 15.09.2017
Израелските доселеници исекоа 27 маслинови стебла, сопственост на Палестинци

Nablus

НАБЛУС (АА) - Израелските доселеници исекоа 27 маслинови стебла, сопственост на Палестинци, во подрачјето Буријн, во Наблус, кој се наоѓа на окупираниот Западен Брег, јавува Anadolu Agency (AA).

„Група еврејски доселеници од населеното место Јицхар, кое се наоѓа јужно од градот Наблус, исекоа 27 родни маслинови стебла, сопственост на палестински земјоделци во подрачјето Буријн“, истакна во изјава за АА Гасан Даглас, одговорен за Досиејата за еврејските населени места во северниот дел на окупираниот Западен Брег.

Палестинците од некои градови на Западниот Брег со одгледувањето маслинови дрвја обезбедуваат средства за живот. Еврејските доселеници одвреме-навреме вршат напади на плантажите во руралните региони. Според соопштението, овие напади се зачестени особено на почетокот од сезоната на маслиновата берба.

Околу 40.000 еврејски доселеници живеат во 39 мали и големи еврејски населби кои се наоѓаат во околината на Наблус. Тие одвреме-навреме организираат различни напади врз Палестинците.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın