свет

Интервенција на полицијата на „Протест против полициското насилство“

Група учесници на протестот против полициското насилство во Франција влегоа во полициска станица во Париз и запалија едно полициско возило

Ömer Aydın  | 28.03.2017 - Обновена : 28.03.2017
Интервенција на полицијата на „Протест против полициското насилство“

Paris

ПАРИЗ (АА) - Група учесници на протестот против полициското насилство во Франција влегоа во полициска станица во Париз и запалија едно полициско возило. Полицијата остро реагираше на овој чин, при што беа повредени поголем број демонстранти, јавува Anadolu Agency (AA).

Пред два дена во Париз, беше убиен Шаојо Лиу, по пријава за расправија во еден дом. По убиството на Лиу дојде до реакции кои преминаа во протест.

Во 19. подрачна полициска станица на Париз се собраа стотици азиски имигранти, кои скандирајќи „Правда за Шаојо Лиу“, „Крај на полициското насилство“, „Беше убиен без причина“, бараа да се расветли убиството.

Полицијата остро реагираше на овој чин, употреби солзавец и полициски палки за да ги оддалечи демонстрантите и притоа беа повредени голем број лица.

Додека гневните демонстранти се обидуваа да влезат во полициската станица, една група учесници во протестот запалија полициско возило пред полициската станица.

Пред два дена во Париз беше соопштено дека по пријава до полицијата, тројца полицајци се упатиле на посочената адреса во 19. подрачје на Париз, каде што Шаојо Лиу ги нападнал полицајците со ножици. Еден од полицајците, во самоодбрана пукал во Шаојо. Потоа беше соопштено дека Шаојо починал пред да дојде возилото на прва помош. Семејството изјави дека Шаојо не извршил никаков напад врз полицијата, и дека за време на настанот чистел риба во кујната, а по ѕвонењето на вратата, со ножици во рацете ја отворил вратата.

Во Франција исто така имаше големи протести кога за време на полициско приведување почина момчето Адама Траоре.

Последниот таков настан во Париз се случи во североисточниот дел на градот, во предградието Олне су Боа, кога при проверка на идентитетот од страна на полицијата, врз момчето Тео бил извршен полов напад. Илјадници луѓе со недели протестираа поради полициското насилство, извикувајќи „Правда за Тео“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın