свет

Ирак ja повика Курдската регионална управа да ги поништи резултатите од референдумот

Ирачката Влада ја повика Курдската регионална управа на северот на Ирак да ги поништи резултатите од нелегитимниот референдум за независност пред да влезат во дијалог

Ali Murat Alhas  | 02.10.2017 - Обновена : 02.10.2017
Ирак ja повика Курдската регионална управа да ги поништи резултатите од референдумот

Bagdad

БАГДАД (АА) - Ирачката Влада ја повика Курдската регионална управа на северот на Ирак (IKBY) да ги поништи резултатите од нелегитимниот референдум за независност пред да влезат во дијалог, јавува Anadolu Agency (AA).

„Курдската регионална управа треба да ги поништи резултатите од нелегитимниот референдум за да ја зајакне ирачката согласност за сериозен дијалог со Багдад“, стои во соопштението што денеска го даде премиерот Хајдар ал-Абади.

Во соопштението се повикува Курдската регионална управа да престане со провокациите во областите што ги контолира и да ги почитува одлуките донесени од страна на федералните и уставните судови.

Тензиите на односите меѓу Багдад и Ербил е висока, бидејќи Курдската регионална управа минатата недела спроведе контроверзен референдум за отцепување од Ирак.

Референдумот беше осуден од страна на Ирак и соседните земји, кои сметаат дека е нелегитимен, а Багдад ги забрани меѓународните летови до областите што ги држи Курдската регионална управа и ги затвори странските мисии во курдскиот регион.

Според бројката објавена од Курдската регионална управа, речиси 93 отсто од гласачите гласаа за независност од Багдад.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.