свет

Иран: Поради загадувањето на воздухот прекината наставата во Техеран

Неповолната положба на градот за проток на воздухот, големиот број жители, како и старите модели на возила се само некои од причините за загадувањето на воздухот во Техеран

Mustafa Melih Ahıshalı  | 18.12.2017 - Обновена : 18.12.2017
Иран: Поради загадувањето на воздухот прекината наставата во Техеран АА/Архива

Teheran

ТЕХЕРАН (АА) - Поради големото загадување на воздухот прекината е наставата во училиштата во Техеран, главниот град на Иран, пренесува Anadolu Agency (AA).

Иранската новинска агенција ИРНА јави дека со одлуката на Комитетот за надзор на загадувањето на воздухот и вонредната ситуација, во Техеран денеска е прекината наставата во училиштата.

Откажани се и спортските средби кои требаше да се одржат на отворено, а беше препорачано продавниците да работат со два часа пократко работно време.

Неповолната положба на градот за проток на воздухот, големиот број жители, како и старите модели на возила се само некои од причините за загадувањето на воздухот во Техеран, кој е еден од петте најзагадени градови во светот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın