свет

Ирачкиот парламент бара нафтените полиња во Киркук да се вратат на владата во Багдад

Со резолуцијата, се бара да бидат отпуштени и државните службеници кои учествувале во курдскиот неуставен референдум за сукцесија на северниот ирачки регион

Ali Murat Alhas  | 26.09.2017 - Обновена : 26.09.2017
Ирачкиот парламент бара нафтените полиња во Киркук да се вратат на владата во Багдад

Bagdad

БАГДАД (АА) - Ирачкиот Парламент вчера упати повик нафтените полиња во спорниот град Киркук да бидат предадени на централната влада на Багдад, пренесува Anadolu Agency (AA).

Пратеникот Хаким Замили изјави дека парламентарците ја одобриле резолуцијата според којашто нафтените полиња во Киркук треба да се предадат на Владата во Багдад. Тој додаде дека со резолуцијата, исто така, се бара да бидат отпуштени државните службеници кои учествувале во курдскиот неуставен референдум за сукцесија на северниот ирачки регион.

Потегот на ирачкиот Парламент дојде откако вчера, гласачите во подрачјата контролирани од Курдската регионална управа во северен Ирак и на пошироката територија којашто е предмет на спор меѓу Ербил и Багдад, гласаа за тоа дали да се отцепат од Ирак.

САД, Турција, Велика Британија, Иран и централната ирачка Влада го повикаа Ербил да се откаже од неуставниот референдум, но тој сепак се одржа.

Турција вчера соопшти дека резултатите од курдскиот референдум ќе ги смета за нелегални, а ирачката централна Влада се закани дека воено ќе интервенира доколу референдумот води кон насилство.

Масуд Барзани, лидер на Курдската регионална управа во северен Ирак, изјави дека референдумот нема да доведе до автоматско прогласување независност, туку дека тој ќе води кон понатамошни преговори со Багдад.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.