свет

Ирачките сили во западен Мосул убија двајца лидери на ДЕАШ

Во воздушните напади во подрачјето на Ал Махлебије беа убиени таканаречениот гувернер на ДЕАШ за подрачјето Ал Џезира и координаторот за обука на терористите на ДЕАШ во тоа подрачје

Safiye Karabacak  | 26.02.2017 - Обновена : 27.02.2017
Ирачките сили во западен Мосул убија двајца лидери на ДЕАШ

Mosul

МОСУЛ (АА) - Најмалку десет терористи, меѓу кои најмалку двајца лидери на ДЕАШ, се убиени во воздушните напади кои ги изведоа ирачките сили врз упориштата на терористичката организација во западниот дел на Мосул, јавува Anadolu Agency (AA).

„Коалициските воздушни сили утринава нанесоа тежок удар врз терористите на ДЕАШ во западниот дел на Мосул“, изјави за АА генереалот на ирачката армија Мухенед Раџиб ен Нуејми.

Во воздушните напади во подрачјето на Ал Махлебије беа убиени таканаречениот гувернер на ДЕАШ за регионот Ал Џезира, Амар Мустафа ал Хасан, и координаторот за обука на терористите на ДЕАШ во тоа подрачје Ахмед Асаф.

Нуејми изјави дека најмалку осум терористи на ДЕАШ се убиени во воздушен напад во подрачјето на Ал Џавсак. Истовремено, ирачките сили денеска ја ослободија првата област на западниот брег на речата Тигар.

Обединетите ирачки сили, по тримесечни борби, го ослободија источниот брег на реката Тигар од терористите на ДЕАШ, а минатата недела започнаа и обемна операција за ослободување и на западниот дел на градот.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.