свет

Истражување: Русите најмногу стравуваат од САД и Украина, а помош очекуваат од Кина

Истражувањето го спроведе Рускиот истражувачки центар на јавното мислење, а 63 отсто од испитаниците се изјаснија дека стравуваат оти САД би можеле воено да ја нападнат Русија

Elvir Hocic  | 28.06.2017 - Обновена : 28.06.2017
Истражување: Русите најмногу стравуваат од САД и Украина, а помош очекуваат од Кина

Moskva

МОСКВА (АА) - Последното истражување на јавното мислење во Русија покажа дека повеќе од третина од Русите стравуваат оти нивната земја во догледно време би можела да биде нападната, а најголема закана гледаат во САД и во Украина, пренесува Anadolu Agency (AA).

Истражувањето го спроведе Рускиот истражувачки центар на јавното мислење, а 63 отсто од испитаниците се изјаснија дека стравуваат оти САД би можеле воено да ја нападнат Русија. Украина како закана ја гледаат 31 отсто од испитаниците.

Остатокот од Русите, пак, далеку зад споменатите земји, ги гледаат НАТО, Кина, Велика Британија, Сирија, Германија и ДЕАШ како закана за Русија, покажа овомесечното анкетирање на примерок од 1.200 полнолетни Руси.

Истражувањето исто така покажа дека 41 отсто од Русите очекуваат Кина да ѝ помогне на Русија во случај да биде воено нападната од трета сила. Помош од Белорусија очекуваат 25 отсто, а од Казахстан 18 отсто од испитаните.

Секој десетти Русин смета дека Русија нема од кого да очекува помош во случај да биде воено нападната.

Постојат и Руси кои очекуваат помош од САД и од Украина во случај на напад, но такви очекувања имаат двајца од стотина анкетирани.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın