свет

Италија: Во водите на Медитеранот спасени 2.300 мигранти

Како што наведоа од Централата на италијанската Крајбрежна стража, денеска се изведени се 22 акции на спасување во текот на кои се спасени 2.300 мигранти. Акциите се изведени на 12 чамци и десет бродови

Barış Seçkin  | 19.05.2017 - Обновена : 20.05.2017
Италија: Во водите на Медитеранот спасени 2.300 мигранти

Roma

РИМ (AA) - Припадниците на италијанската Крајбрежна стража во водите на Медитеранот спасија 2.300 мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).

Акциите на крајбрежните стражи во водите помеѓу Либија и Италија, која е најчестата рута што ја користат мигрантите за премин во Европа, во последно време се интензивирани.

Како што наведоа од Централата на италијанската Крајбрежна стража, денеска се изведени се 22 акции на спасување во текот на кои се спасени 2.300 мигранти. Акциите се изведени на 12 чамци и десет бродови.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, од почетокот на оваа година во Италија преку Медитеранот стасале 45.754 мигранти.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın