свет

Италија: Пожарникарите спасија тројца браќа од урнатините по земјотресот

Пожарникарите копаа со голи раце за да го ослободат Чиро, најстариот од тројцата браќа, два часа откако го извлекоа Матијас, средниот брат, и осум часа по спасувањето на седуммесечниот Пасквале

Ekipa  | 22.08.2017 - Обновена : 23.08.2017
Италија: Пожарникарите спасија тројца браќа од урнатините по земјотресот

Milano

МИЛАНО (АА) - Италијанските пожарникари го извлекоа и третиот брат од урнатините на нивната куќа, разрушена во земјотресот со јачина од четири степени според Рихтер на туристичкиот остров Искја, пренесува Anadolu Agency (AA).

Пожарникарите копаа со голи раце за да го ослободат Чиро, најстариот од тројцата браќа, два часа откако го извлекоа Матијас, средниот брат, и осум часа по спасувањето на седуммесечниот Пасквале.

Пожарникарите конечниот успех го објавија на социјалната мрежа „Twiter“ (Твитер) при што напишаа:

„Дури и Чиро е спасен“.

Властите не ја потврдија возраста на Чиро и Матијас. Таткото на децата е спасен претходно, а мајката уривањето на куќата го преживеала така што скокнала низ прозорецот.

Најмалку две деца загинаа во земјотресот што синоќа го погоди островот во екот на туристичката сезона. Во потресот се повредени 39 лица, а повеќе од 2.600 остана без покрив над глава.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın