свет

Казанев: Ништо нема да ги спречи изборите во Франција

Францускиот државен обвинител Франсоа Молинс потврди дека е идентификуван напаѓачот што синоќа во Париз го изврши нападот во кој еден полицаец загина, а уште еден е ранет

Murat Ünlü  | 21.04.2017 - Обновена : 21.04.2017
Казанев: Ништо нема да ги спречи изборите во Франција

Paris

ПАРИЗ (АА) - Премиерот на Франција, Бернард Казанев, денес изјави дека ништо нема да ги спречи претседателските избори што во таа земја ќе бидат одржани в недела, јавува Anadolu Agency (AA).

Во изјава по состанокот на Советот за национална безбедност во Париз, одржан по повод синоќешниот напад на полицајците во тој град, францускиот премиер ги повика граѓаните на заедничка борба против секој обид во општеството да се внесе страв и паника.

Претседателските кандидати Марин Ле Пен и Емануел Макрон ги откажаа сите собири и состаноци планирани за периодот до недела, кога ќе биде одржан првиот круг на претседателски избори.

Францускиот државен обвинител Франсоа Молинс потврди дека е идентификуван напаѓачот што синоќа во Париз го изврши нападот во кој еден полицаец загина, а уште еден е ранет.

Молинс истакна дека засега, поради спроведувањето на истрагата, нема да го открие идентитетот на напаѓачот. Полицијата изврши претрес на куќата на осомничениот, која се наоѓа во местото Сена и Марна, во близина на француската престолнина.

Францускиот телевизиски канал „BFM" наведува дека напаѓачот е мртов и дека се работи за 39-годишен француски државјанин роден во местото Сен Сен Дени.

Истиот канал наведува дека напаѓачот претходно е осудуван и дека бил следен од разузнавачката служба.

Еден полицаец загина, а најмалку еден е ранет во нападот до кој синоќа дојде во познатата авенија Шанзелизе во Париз.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека според првичните информации, се работи за терористички напад.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın