свет

Катар: Во Доха се одржа состанокот меѓу Ердоган и Ал-Тани

Средбата на двајцата лидери траеше повеќе од два часа, по што следуваше состанокот меѓу делегациите

İlkay Guder  | 24.07.2017 - Обновена : 24.07.2017
Катар: Во Доха се одржа состанокот меѓу Ердоган и Ал-Тани

Ankara

ДОХА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во Доха се сретна со емирот од Катар, шеик Тамим бин Хамад ал-Тани, јавува Anadolu Agency (AA).

Средбата на двајцата лидери траеше повеќе од два часа, по што следуваше состанокот меѓу делегациите.

Со турскиот претседател пристигна и неговата сопруга Емине, началникот на Генералштабот на Турција, Хулуси Акар, министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерот за економија, Нихат Зејбекчи, министерот за енергија и природни ресурси, Берат Албајрак, за одбрана Нуретин Чаник и шефот на разузнавачката служба, Хакан Фидан.

Инаку, Доха е последната станица од посетата на Ердоган во земјите од Заливот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.