свет

Кибер-напади се шират низ целиот свет

Кибер-нападите во Русија, кои зафатија голем број институции во земјата, меѓу кои е и нуклеарната централа „Чернобил“, се проширија и во Европа и во САД

Murat Ünlü  | 28.06.2017 - Обновена : 29.06.2017
Кибер-напади се шират низ целиот свет

Paris

ПАРИЗ (АА) - Кибер-нападот кој беше многу ефикасен во Украина и во Русија, се прошири и во Европа и во САД, јавува Anadolu Agency (AA).

Една од најзначајните институции, жртва на овие напади, е нуклеарната централа „Чернобил“, која 1986 година предизвика нуклеарна катастрофа.

Според веста што се најде во украинските медиуми, голем број компјутери во оваа нуклеарна централа, изминатиот мај биле преземени од компјутерски вирус сличен на вирусот „WannaCry“, со чија помош компјутерските пирати изведоа напади во 150 земји.

Изјава за украинскиот весник „Правда“ даде Владимир Илчук, директор на нуклеарната централа, информирајќи дека е формирана екипа од компјутерски експерти кои треба да ги отстранат последиците од кибер-нападот. Директорот Илчук изјави дека во централата не постои ризик од проток на радијација и додаде дека нивото на радијацијата во нуклеарната централа во моментов се мери мануелно.

Украинската Влада соопшти дека жртви на кибер-нападот во Украина биле компанијата за производство на авиони „Антонов“, некои банки во земјата и меѓународниот аеродром „Бориспол“ во главниот град Киев.

Во Русија, најголема жртва на овие напади е најголемата нафтена компанија „Роснефт“.

- И Европа и САД, цел на напади -

Компјутерската програма се распространи и во Европа, во некои земји од светот и во САД, заразувајќи ги компјутерите на значајни компании во овие земји.

Во Франција, вирусот го презеде системот на компанијата за железнички транспорт „SNCF“ (СНЦФ), во Холандија жртва беше централната карго компанија „TNT“ (ТНТ), во Данска компанијата за транспорт „Moller-Maersk“ (Молер-Мерск), во Шпанија компанијата за храна „Mondelez“ (Монделез), во Велика Британија, рекламната агенција „WPP“ (ВПП), во САД, фармацевската компанија „Merck“ (Мерк) и адвокатската компанија „DLA Piper“ (ДЛА Пајпер). Ова се само дел од големите компании коишто се жртви на глобалниот кибер-напад што го зафати светот.

Жртви на кибер-нападот беа и голем број мали фирми. За да може повторно да се користат компјутерите преземени преку кибер-нападот, компјутерските пирати бараа паричен надомест платен во виртуелната валута биткоин, во висина од 300 долари.

Во соопштението што го даде Министерството за внатрешни работи на САД се вели дека се следат случувањата поврзани со кибер-нападите од коишто беше зафатен целиот свет, додавајќи дека соработуваат со останатите земји.

Изминатиот мај, преку компјутерскиот вирус „WannaCry” беше изведен интернационален кибер-напад, кој го блокираше националниот здравствен систем на Британија (NHS) и многу бргу се прошири низ целиот свет, преземајќи ја контролата врз комјутерите на десетици ијлади лица и институции. Кибер-нападот беше ефикасен во 150 земји.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın