свет

Киев го негира притворањето на украинскиот агент од страна на Русија

Наводното притворање на украински агент обвинет за планирање на саботажа на Крим претставува провокација од страна на Русија, се вели од безбедносната служба на Украина

Diyar Güldoğan  | 15.08.2017 - Обновена : 15.08.2017
Киев го негира притворањето на украинскиот агент од страна на Русија

Kiev

КИЕВ (АА) - Наводното притворање на украински агент обвинет за планирање на саботажа на Крим претставува провокација од страна на Русија, се вели од безбедносната служба на Украина денес, јавува Anadolu Agency (AA).

„Руската федерална безбедносна служба прибегна кон уште една провокација, објавувајќи дека наводно притворила агент на безбедносната служба на Украина (SBU) во Крим“, се вели во соопштението.

Исто така, во соопштението се додава дека Украина верува оти таквата лажна вест била потребна за Русија да ја заплаши популацијата на полуостровот, којашто сѐ повеќе изразува незадоволство од окупациските власти“.

Руската федерална безбедносна служба (FSB) денес објави дека притворила украински безбедносен агент кој бил осомничен за саботажа на Крим, како сечење на далноводите и предизвикување пожари во шумите.

Украина е погодена од конфликт во своите источни делови од март 2014 година, по руската анексија на Крим. Според ОН, борбата со сепаратистите во областа Донбас доведе до загуба на повеќе од 10.000 животи.

Заедно со голем број други земји на ОН, САД, ЕУ и Турција исто така не го признаваат Крим за руска територија.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın