свет

Кина ги потикнува граѓаните да пријават шпиони

Секој кинески граѓанин што ќе пријави шпион во државата, ќе биде награден со 500.000 јуани (68.500 евра)

Fuat Kabakçı  | 10.04.2017 - Обновена : 11.04.2017
Кина ги потикнува граѓаните да пријават шпиони

Peking

ПЕКИНГ (АА) - Во кинескиот главен град Пекинг започна да се применува мерката наградување на кинеските граѓани кои ќе пријават странци што вршат шпионажа, јавува Anadolu Agency (AA).

Според објавената одлука од страна на Националното биро за безбедност на Пекинг, секој граѓанин што ќе пријави странец за кој се сомнева дека врши шпионажа, ќе добие парична награда од 100.000 до 500.000 јуани (од 13.700 до 68.500 евра).

Целта на оваа мерка е да се спречат странските лица и организации да спроведуваат шпионски активности и да продаваат доверливи државни информации на странски земји.

Системот за наградување на граѓаните ќе се спроведува во три фази. Откако кинеските граѓани ќе идентификуваат шпионски активности, можат да исконтактираат со безбедносната служба по телефон, да испратат имејл или да остварат директен контакт за ги пренесат информациите.

Пред две години, против шпионските активности во земјата беше отворена телефонска линија „Ало, линија за пријавување шпиони“. Државата ја воведе оваа линија во североисточниот дел од земјата, во провинцијата Џилин, со цел граѓаните да ги пријават претставниците на безбедноста, граѓаните и институциите за кои се сомневаат дека вршат шпионажа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın