свет

Кина забрани увоз на јаглен од Северна Кореја

Забраната за увоз на јаглен од Северна Кореја во Кина стапи на сила стапи денеска и ќе трае до крајот на оваа година

Fuat Kabakçı  | 19.02.2017 - Обновена : 20.02.2017
Кина забрани увоз на јаглен од Северна Кореја

Peking

ПЕКИНГ (АА) - Кина привремено го забрани увозот на јаглен од Северна Кореја, што е еден вид одговор на провокациите со тестирањето на балистички и нуклеарни ракети, пренесува Anadolu Agency (AA).

Кинескиот весник „Чајна дејли“ јавува дека забраната за увоз на јаглен од Северна Кореја донесена од страна на кинеските власти е во согласност со резолуцијата 2321 на Советот за безбедност на Обединетите нации, која бара воведување на строги санкции против официјален Пјонгјанг.

Забраната за увоз на јаглен од Северна Кореја во Кина стапи на сила стапи денеска и ќе трае до крајот на оваа година.

Северна Кореја на 9. септември минатата година го изведе петтото тестирање на нуклеарна бомба, а Советот за безбедност на ОН на 30. ноември ја усвои резолуцијата за воведување на дополнителни санкции кон земјата.

Во согласност со оваа резолуција, Кина минатиот месец го забрани извозот на опрема и техника која во Северна Кореја би можела да биде употребена во развојот на нуклеарно и друго оружје.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.