свет

Кина: Извршена смртна казна врз поранешниот шеф на полицијата

Врховниот народен суд во Таијуан, главниот град на покраината Шанси, го осуди на смрт поранешниот шеф на полицијата, Чао Липинг

Tevfik Durul  | 26.05.2017 - Обновена : 27.05.2017
Кина: Извршена смртна казна врз поранешниот шеф на полицијата

Beijing

ПЕКИНГ (АА) - Во Кина е извршена смртна казна над поранешниот шеф на полицијата, кој е осуден поради повеќе кривични дела, јавува Anadolu Agency (AA).

Kако што јавува кинеската агенција Синхуа, Врховниот народен суд во Таијуан, главниот град на покраината Шанси, го осуди на смрт поранешниот шеф на полицијата, Чао Липинг, поради убиство, земање мито и незаконско поседување на оружје и експлозивни направи.

Смртната казна над Чао е извршена веднаш откако беше изречена од страна на Врховниот народен суд.

Чао, поранешен шеф на полицијата во автономниот регион Внатрешна Монголија, ги отфрли обвинувањата за време на судењето.

Судот го прогласи за виновен за убиство на жена во 2015 година, како и за земање мито во вредност од околу четири милиони евра.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.