свет

Кина нема да покаже милост кон Трамп

Кина упати предупредување до Трамп, дека доколку се обиде преку Тајван да ја критикува политиката на „единствена Кина“, таа нема да покаже милост кон него

Tevfik Durul  | 16.01.2017 - Обновена : 17.01.2017
Кина нема да покаже милост кон Трамп

Peking

ПЕКИНГ (АА) – Кина упати предупредување до новиот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, дека доколку по започнувањето со својата функција се обиде преку Тајван да ја критикува политиката на „единствена Кина“, таа нема да покаже милост кон него, јавува Anadolu Agency (AA).

Во еден напис во официјалниот државен весник „Чајна дејли“ се вели: „Доколку Трамп по преземањето на Белата куќа, преку Тајван продолжи со провокативните потези кон политиката на ‘единствена Кина’, без да се грижи за штетата што ќе ја предизвика во билатералните односи, Пекинг ќе нема друг избор освен да биде безмилосен кон него“.

Во написот исто така се вели дека тензиите со Трамп би можеле да ги загрозат двете страни. „Неизбежно е дека ќе се плати цената за ова, сѐ додека идниот претседател на САД не разбере дека ‘тајванската игра’ е чувствителен случај и е проблем што може да предизвика сериозни последици. Пекинг во овој случај ќе биде безмилосен кон сите“, беше истакнато во написот.

Министерството на надворешни работи на Кина вчера во својата изјава истакна: „Во светот има само една Кина. Не може да има преговори за тајванското прашање“.

Трамп, кој се подготвува да ја преземе претседателската функција на 20 јануари, минатата недела во своето интервју за „Волсрит журнал“ изјави: „За многу прашања може да се зборува на преговарачка маса со Кина, вклучувајќи ја и политиката на ‘единствена Кина’, за чие решение ќе биде потребно Пекинг да ги детерминира своите ставови кон прашањата за монетарната политика и меѓународната трговија“.

Владата на Пекинг реагираше за телефонскиот разговор на Трамп со тајванскиот лидер Цаи Инвен, остварен минатиот месец, истакнувајќи дека овој разговор е против дипломатските конвенции. Кина ја истакна својата загриженост за критиките на Трамп кон политиката што САД ја водат од 1979 година досега, за признавањето на Владата на Пекинг како единствен легитимен претставник на кинескиот народ.

По доаѓањето на Мао Цетунг на власт во Кина, во 1949 година, некои членови на владата побегнаа на островот Тајван и прогласија независност. Но Кина не ја признава независноста на Тајван, и тврди дека овој остров е нивна покраина. Само 22 држави ја признаваат независноста на Тајван.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın