свет

Кина планира да ja укине уставнaта одредба за ограничување на мандатот на претседателот

Кинескиот лидер Си минатата година вторпат по ред победи на претседателските избори, а преку уставни реформи Комунистичката партија сака да му овозможи да остане шеф на државата и по 2023 година

Tevfik Durul  | 25.02.2018 - Обновена : 26.02.2018
Кина планира да ja укине уставнaта одредба за ограничување на мандатот на претседателот

Peking

ПЕКИНГ (АА) - Комунистичката партија на Кина планира преку уставни реформи да отвори можност актурелниот претседател Си Ѓинпинг да остане на чело на државата и по истекот на вториот мандат, пренесува Anadolu Agency (AA).

Кинеската новинска агенција „Синхуа“ го пренесе соопштението на Централниот комитет на Комунистичката партија во Кина, во кое се наведува дека на Парламентот наскоро ќе му биде предаден предлогот за укинување на уставната одредба со која едно лице претседателската и потпретседателската функција може да ја врши максимум два петгодишни мандати.

Во соопштението не се откриени повеќе детали, а за што станува збор јавноста треба да дознае утре, кога ќе започне тридневната редовна седница на Централниот комитет.

Кинескиот лидер Си минатата година вторпат по ред победи на претседателските избори, а преку уставни реформи Комунистичката партија сака да му овозможи да остане шеф на државата и по 2023 година.

Во изминатите пет години, Си Ѓинпинг значително ја зајакна својата позиција како лидер на Кина, за што најдобро зборува фактот дека на последниот Конгрес на Комунистичката партија неговата визија за кинескиот социјализам беше вклучена во Статутот на Комунистичката партија. Претходно, во Статутот се споменува само името на основачот на Кина, Мао Це-тунг.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın