свет

Колумбија: Власта нуди награда за информации за нападот во центарот „Aндино“

Претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос, се сретна со раководството на трговскиот центар, а потоа со синот положи цвеќе и изрази поддршка за семејствата на жртвите

Lokman İlhan  | 19.06.2017 - Обновена : 20.06.2017
Колумбија: Власта нуди награда за информации за нападот во центарот „Aндино“ Juan David Tena / Претседателството на Колумбија

Bogota

БОГОТА (АА) - Колумбиските власти понудија награда од 100 милиони пезоси (околу 34.000 долари) за информации за лицето или лицата одговорни за експлозијата во трговскиот центар „Андино“ во Богота, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос, по состанокот на Советот за безбедност изјави дека Колумбија во минатото успешно се борела против тероризмот и дека земјата знае како да го надмине овој проблем.

Многумина граѓани и владини претставници им оддаваат чест на жртвите од бомбашкиот напад извршен во трговскиот центар „Aндино“.

Сантос, градоначалникот на Богота, Енрике Пеналоса, амбасадорот на Франција во Богота, Готје Мино и голем број граѓани се присетија на загинатите во нападот.

Претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос, се сретна со раководството на трговскиот центар, а потоа со синот положи цвеќе и пораки со содржина: „Нема бомби што можат да го поразат обединетиот народ“ и „Сакам свет во кој нема насилство“, и изрази поддршка за семејствата на жртвите.

По заминувањето од центарот, Сантос изјави дека најдобриот одговор на тероризмот е продолжување на секојдневниот живот.

„Најдобар начин да се победи тероризмот е да се каже дека не се плашиме“, рече Пеналоса.

Mино се надева дека истрагата за нападот во којшто загина и Французинка, во најбрз рок ќе даде резултати.

Локалните медиуми објавија дека седуммина од осумтемина повредени лица кои беа се хоспитализирани се пуштени од болница. Едно лице се лекува на интензивна нега.

Три лица загинаа во експлозија што се случи во саботата вечер, во женски тоалет на вториот кат од трговскиот центар „Aндино“ во Богота, а едно од нив е граѓанин на Франција.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.