свет

Колумбија: Убиен еден од лидерите на нарко картелот „Клан де Голфо"

Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос потврди дека Пена е убиен во акција на безбедносните сили именувана „Операција Агамемнун 2" и рече дека тоа е добра вест за безбедноста во Колумбија

Lokman İlhan  | 24.11.2017 - Обновена : 25.11.2017
Колумбија: Убиен еден од лидерите на нарко картелот „Клан де Голфо"

Bolivar

БОГОТА (AA) – Во Колумбија е убиен Луис Орландо Падиерна Пена, познат под псевдонимот „Инглатера“, односно другото име на хиерархиската листа на криминалната група трговци со дрога „Клан де Голфо“, јавува Anadolu Agency (AA).

Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос потврди дека Пена е убиен во акција на безбедносните сили именувана „Операција Агамемнун 2" и рече дека тоа е добра вест за безбедноста во Колумбија.

„Тоа е добра вест за безбедноста на Колумбија", рече Сантос и уште еднаш ги повика сите припадници на оваа криминална организација да престанат со злосторства и да ѝ се предадат на полицијата.

Во рамките на истата акција на колумбиските безбедносни сили, на почеток од месецот беа запленети 12 тони кокаин во регионот Антиокија.

Откако поранешните припадници на паравоената екстремна десница го положија оружјето, тие го основаа Клан дел Голфо во текот на 2006. година, а се претпоставува дека оваа нарко група денес има повеќе од илјада членови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.