свет

Либија: Спасени се 119 африкански мигранти

Западниот либиски брег со години е место преку коешто илегалните мигранти се обидуваат да дојдат до европските земји

Safiye Karabacak  | 18.10.2017 - Обновена : 19.10.2017
Либија: Спасени се 119 африкански мигранти

Libyan

ТРИПОЛИ (АА) - Либиската крајбрежна стража спаси 119 африкански мигранти кои по илегален пат се обидуваа да ја напуштат земјата, јавува Anadolu Agency (AA).

Ејуп Касим, портпарол на поморските сили при Владата на национално единство, изјави дека на подрачјето Ал-Гарабули наишле на брод со којшто се превезувале илегалните мигранти.

Како што рече тој, бродот на којшто се наоѓале жените и децата тонел. Касим потврди дека се спасени 119 африкански мигранти.

Западниот либиски брег со години е место преку коешто илегалните мигранти се обидуваат да дојдат до европските земји.

Во текот на годината, преку водите на Медитеранот во Италија стигнаа повеќе од 180.000 мигранти. По истата траса, наречена и „пат на спасот“, животот го загубија околу 5.000 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın