свет

Лондон, покрај финансиски стана и центар на перењето пари

Лондон кој е најголемиот финансиски центар во светот, според активностите се смета и за глобален центар за перењето пари

Gökhan Kurtaran  | 21.08.2017 - Обновена : 21.08.2017
Лондон, покрај финансиски стана и центар на перењето пари

London

Лондон, покрај финансиски центар, стана и центар за перење пари ЛОНДОН (АА) - Лондон, главниот град на Велика Британија, кој е најголем финансиски центар во светот, го привлекува вниманието и со своите интензивни активности околу перењето меѓународни пари, јавува Anadolu Agency (AA).

Според претпоставките на органзиацијата Transparency International (Транспаренси интернешнал), секоја година преку Лондон се перат од 23 до 57 милијарди фунти. Организацијата преку својот официјален сајт информира дека во Велика Британија особено се користат посреднички институции за заштита на парите кои по илегални патишта се извлечени од Бангладеш, Кенија, Нигерија, Пакистан и од Замбија.

На официјалниот сајт на Британскиот национален институт за борба против криминалот (NCA) стои: „Во моментов најпрецизната претпоставка за волуменот на испраните пари на меѓународно ниво е дека тој изнесува 2,7 отсто од бруто домашниот производ (БДП) на глобално ниво за 2009 година, т.е. 1,6 трилиони американски долари. NCA проценува дека милијарди британски фунти се испрани преку банки и филијали во Велика Британија”.

- „За четири години од Русија се префрлени 738,1 милион долари” -

Престижниот британски весник The Guardian, на 20 март објави статија во која се наведува дека од Русија во Лондон интензивно се префрлуваат нелегални пари.

Како пример се наведува периодот 2010-2014 година, кога банките со седиште во Лондон учествувале во префрлување на околу 738,1 милион американски долари од Русија. За дадениот период се вели дека за трансферите кои се извршени преку британските банки, вкупно 1.920 трансфери се водат како „сомнителни”.

Меѓу банките кои предводат во посредувањето за трансфер на пари се наоѓаат 17 глобални банки со седиште во Велика Британија, меѓу кои спаѓаат „HSBC“, „Royal Bank of Scotland (RBS)“, „Lloyds“ и „Barclays“.

Во извештајот кој беше поднесен пред британскиот Парламент, отворено се наведува дека особено во последниве години, Лондон станал глобален центар со своите активности за перење пари. Пример, специјалната комисија која беше формирана од страна на Министерството за внатрешни работи на Велика Британија, во својот извештај за 2016 година наведува дека во секторот за недвижности, годишно се перат околу 100 милијарди фунти.

Британскиот весник „Financial Times“ во еден свој напис, кој се базира на информации добиени од Британскиот центар за регистрација на земјиште, наведува дека преку компаниите кои се поврзани со странство, во земјата се купени „сомнителни” домови за живеење за кои се потрошени 122 милијарди фунти.

- „Велика Британија е земја со највисок степен на корупција” -

Светски познатиот италијански писател и истражувач Роберто Савиано, во мај минатата година учествуваше на панел организиран во Лондон, на кој рече дека Лондон е светски центар за перење на пари.

„Доколку ве прашам кои се местата во светот во кои корупцијата е на највисоко ниво, вие ќе ми одговорите Грција, Нигерија или југот на Италија. Но всушност, според мене, тоа е Велика Британија. Корупцијата не е во бирократијата, полицијата и во политиката. Таа е присутна во капиталот на главниот град. Деведесет и девет отсто од сопствениците на капиталот во Лондон имаат офшор управувачки центри”, изјави Италијанецот Савиано.

Савиано смета дека перењето пари преку банките со седишта во Велика Британија е многу лесно. „Доколку Мексико е телото на трговијата со дрога, тогаш Велика Британија е главата. Антонио Мариа Коста од канцеларијата за дрога и криминал при Обединетите нации (ОН) покажа како банките со седишта во Европа и во САД ги перат парите, но за жал, никој не се грижи за тоа”, зборуваше Савиано.

Градоначалникот на Лондон, Садик Хан, пред да биде избран на функцијата имаше истакнато дека Лондон во последните години станал глобален центар на активности за перење пари, додавајќи: „Загрижен сум бидејќи Лондон стана главен град за перење пари. Во Лондон, кој се соочува со хиперинфлација, доаѓаат луѓе од различни делови на светот и перат пари користејќи го секторот за домување”. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.