свет

Макрон сака да го донесе олимпискиот оган во Париз

Maкрон телефонски разговарал со претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, и притоа истакнал дека е подготвен да пружи секаква поддршка за организирање на олимписките игри во Париз

Murat Ünlü  | 13.05.2017 - Обновена : 14.05.2017
Макрон сака да го донесе олимпискиот оган во Париз Philip Rock/AA

Paris

ПАРИЗ (АА) - Новоизбраниот претседател на Франција, Емануел Maкрон, изјави дека ќе даде сѐ од себе Париз да биде домаќин на Олимписките и Параолимписките игри во 2024 година, јавува Anadolu Agency (AA).

Maкрон телефонски разговарал со претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (IOK), Томас Бах, и притоа истакнал дека е подготвен да пружи секаква поддршка за организирање на олимписките игри во Париз.

Членовите на Комисијата на Меѓународниот олимписки комитет за проценка ќе го посети Париз.

Макрон, кој во недела и официјално ја преземе должноста од актуелниот претседател Франсоа Оланд, за време на претседателската кампања често потенцираше дека Париз треба да биде домаќин на Олимписките игри во 2024 година.

Освен главниот град на Франција, за домаќин на олимписките игри се борат и Рим, Хамбург, Будимпешта и Торонто, а кој ќе биде избран ќе биде познато во септември оваа година, на состанокот на Меѓународниот олимписки комитет во Перу.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.