свет

Макрон: Франција никогаш нема да ја признае руската анексија на Крим

Макрон денеска во Јелисејската палата го прими украинскиот колега Петро Порошенко, а по состаноко во обраќањето на новинарите истакна дека Франција ја поддршжува целовитоста и суверенитетот на Украина

Murat Ünlü  | 26.06.2017 - Обновена : 27.06.2017
Макрон: Франција никогаш нема да ја признае руската анексија на Крим

Paris

ПАРИЗ (AA) – Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека Франција никогаш нема да ја признае руската анексија на Крим, јавува Anadolu Agency (AA).

Макрон денеска во Јелисејската палата го прими украинскиот колега Петро Порошенко, а по состаноко во обраќањето на новинарите истакна дека Франција ја поддршжува целовитоста и суверенитетот на Украина, како и дека руската анексија на Крим е илегална и неприфатлива.

Истакнувајќи дека членовите на набљудувачката мисија на ОБСЕ на истокот на Украина се соочуват со многу пречи во работата, Макрон изјави дека на Порошенко му рекол дека е неопходно да продолжи мировниот процес заснован на договорот од Минск кој е потпишан во февруари 2015 година, но кој сеуште не донел воспоставување на прекин на судирите помеѓу украинската војска и проруските сепаратисти во Донбас.

Украинскиот претседател Порошенко рече дека со поголема доза на оптимизам гледа на мировниот процес по состанокот со Макрон.

Украина, Русија, Германија и Франција водат мултилатерални преговори за решавање на украинската криза, а Порошенко најави дека кон крајот на јуни или почетокот на јули ќе биде организиран нов состанок на таа група.

Судирите на истокот на Украина започна во април 2014. година, а во последниот извештај на ОН се наведува дека во тој период загинале вкупно 10.090, а ранети се 23.966 лица. Меѓу загинатите се 2.777 цивили.

Кризата на истокот на Украина не е решена ни откако во февруари 2015. година е потпишан мировниот договор во Минск. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за крешење на примирјето.

Бројни земји на меѓународната заедница ја осудија Русија поради агресивната политика кон Украина и анексијата на полуостровот Крим и градот Севастопоља. Европската унија и САД воведа санкции кон Москва.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.