свет

Мексико: Бројот на жртвите од земјотресот се зголеми на 286

Луис Фелипе Пуенте, директор на Цивилната заштита на Мексико, изјави дека во Мексико Сити е потврдена смртта на 148 лица

Ekip  | 22.09.2017 - Обновена : 23.09.2017
Мексико: Бројот на жртвите од земјотресот се зголеми на 286

Mexico

МЕКСИКО СИТИ (АА) - Надлежните во Мексико објавија дека бројот на загинатите лица во разорниот земјотрес се зголеми на 286, и дека повеќе од половина од смртните случаи се забележани во главниот град Мексико Сити, пренесува Anadolu Agency (AA).

Луис Фелипе Пуенте, директор на Цивилната заштита на Мексико, изјави дека во Мексико Сити е потврдена смртта на 148 лица. Тој во денешната објава на „Твитер“ наведе дека 73 лица загинале во државата Морелос, 45 во Пуебла, 13 во Мексико, шест во Гереро и едно лице во Оахака.

Разорниот земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтер го погоди Мексико во вторникот вечерта. И понатаму траат акциите за барање и спасување на граѓаните од под урнатините.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın