свет

Могерини: Одбранбената унија на ЕУ веќе не е сон

„Градиме заеднички безбедносен и одбранбен систем за ЕУ. Тоа веќе не е план и сон, стана реалност. Конечно се поставени сите елементи од темелот на одбранбената и безбедносна унија“

Şerife Çetin  | 23.11.2017 - Обновена : 24.11.2017
Могерини: Одбранбената унија на ЕУ веќе не е сон

Brisel

БРИСЕЛ (АА) - Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, истакна дека конечно се поставени сите елементи од темелот на одбранбената и безбедносна унија, јавува Anadolu Agency (AA).

Могерини во својот говор на отворањето на годишната конференција за 2017 година на Европската одбранбена агенција (ЕДА), која се одржа во Брисел, истакна дека оваа конференција се одржува во период кога има значајни настани за европската одбрана. Таа рече дека соработката во областа на одбраната во ЕУ достигнала значајни димензии, и додаде дека институциите во ЕУ заедно ќе се движат кон изградба на една побезбедна унија.

„Градиме заеднички безбедносен и одбранбен систем за ЕУ. Тоа веќе не е план и сон, стана реалност. Конечно се поставени сите елементи од темелот на одбранбената и безбедносна унија“.

Могерини истакна дека од овој момент, земјите-членки заедно ќе ги развиваат одбранбените способности, и рече: „Сега подобро ќе се справиме со кризите дејствувајќи заедно, ќе го развиеме нашето партнерство и ќе им понудиме побезбедна средина на нашите граѓани“.

Истакнувајќи дека барањето на граѓаните на ЕУ за повеќе безбедност и поефикасен буџет може да се исполни само со обединување на силите на земјите-членки, Могерини пренесе дека ЕДА игра значајна улога во овој контекст.

Могерини истакна дека целта на направените чекори во областа на одбраната е градење одбранбена и безбедносна унија на ЕУ. „Нашата цел не е повторно да се отвори дискусијата околу формирањето на европската војска“, пренесе таа.

Исто така, Могерини вели дека кибер-одбраната веќе е значајна тема, и дека се потребни цивилни и воени методи за справување со кибер-нападите. Таа додаде дека е неизбежно земјите-членки да имаат блиска соработка во оваа област.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın