свет

Морнариците на Јужна Кореја и на САД започнаа нова воена вежба

Вежбата ќе трае до петок, што претставува можен повод за нова реакција на Северна Кореја, чие раководство и претходно како изговор ги користеше американските воени активности за тестирање балистички ракети

Ekipa  | 16.10.2017 - Обновена : 16.10.2017
Морнариците на Јужна Кореја и на САД започнаа нова воена вежба

Seul

СЕУЛ (АА) - Во екот на подготвеност поради можните нови севернокорејски нуклеарни провокации, морнариците на Јужна Кореја и на САД денес започнаа нова воена вежба во водите недалеку од Корејскиот Полуостров, јавува Anadolu Agency (AA).

Вежбата ќе трае до петок, што претставува можен повод за нова реакција на Северна Кореја, чие раководство и претходно како изговор ги користеше американските воени активности за провокативно тестирање на балистички ракети.

Јужнокорејската новинска агенција Јонап јавува дека станува збор за голема поморска вежба во којашто учествуваат воените тимови на носачот на авиони „USS Ronald Reagan“ и американската морнарица со нуклеарните носачи.

Паралелно со тоа, над Корејскиот Полуостров прелета американски борбен авион „F-22 Raptor“ кој од Алјаска стигна во Сеул поради учеството на утрешниот воен аеромитинг во главниот јужнокорејски град.

На аеромитингот во Јужна Кореја премиерно ќе биде претставен и американскиот бомбардер „B-1B Lancer“, ист модел кој минатиот месец прелета во линијата на воздушната граница на севернокорејскиот простор и предизвика остра реакција и закани од Пјонгјанг.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.