свет

Мјанмар: Приведени двајца новинари на „Reuters“

Двајцата новинари на „Reuters“, кои носеле и официјални документи, вчера во подоцнежните часови биле приведени поради прекршување на Законот за државни тајни

Gamze Türkoğlu Oğuz  | 13.12.2017 - Обновена : 13.12.2017
Мјанмар: Приведени двајца новинари на „Reuters“

Ankara

АНКАРА (АА) - Двајца новинари на новинската агенција, „Reuters“ (Ројтерс) се приведени во Мјанмар, пренесува Anadolu Agency (AA).

Член на новинарскиот совет на Мјанмар соопшти дека двајцата новинари на „Reuters“, кои со нив носеле и официјални документи, вчера во подоцнежните часови биле приведени поради прекршување на Законот за државни тајни.

Во изјавата на „Reuters“ за BBC (Би-би-си) се вели дека двајцата новинари во Мјанмар, Ва Лоун и Кјав Сое, биле прогласени за исчезнати и дека се трага по нив.

Локалниот весник „Frontier Myanmar“, во една вест напиша дека двајцата новинари биле приведени во периферијата на главниот трговски град на земјата, Јангон.

Според веста, двајцата новинари, кои со себе носеле мапа на одредено место во Аракан, како и воени извештаи, биле приведени во рамките на Законот за државни тајни.

Медиумската институција „Irrawaddy“, соопшти дека во случај новинарите да бидат прогласени за виновни, може да им биде изречена заторска казна во траење од 14 години.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın