свет

На демонстрациите на Западниот Брег повредени 16 Палестинци

Израелските војници повредија 16 Палестинци , учесници на демонстрациите кои се спроведуват на повеќе места на територијата на Западниот Брег, во знак на протест на одлукатана САД за признавање на Ерусалим (Кудс) за „главен град на Израел”

Eshat Fırat  | 15.12.2017 - Обновена : 15.12.2017
На демонстрациите на Западниот Брег повредени 16 Палестинци

Ramallah

РАМАЛАХ (АА) - Израелските војници повредија 16 Палестинци, учесници на демонстрациите кои се спроведуват на повеќе места на територијата на Западниот Брег, во знак на протест на одлуката на САД за признавање на Ерусалим (Кудс) за „главен град на Израел”, јавува Anadolu Agency (AA).

Во повеќе подрачја на Западниот брег кој е под израелска окупација, првенствено во градот Рамалах, по петочната молитва, организирани се демонстрации во знак на протест на одлкуката на САД. Демонстрантите, покрај знамиња, во рацете носеа плакати на кои беше испишано „Кудс за навек е главен град на Палестина”.

Израелските војници користеа солзавец, а покрај пластичните куршуми, употребија и вистински куршуми врз демонстрантите кои протестираа на влезовите во градовите Бејтулахим, Рамалах, потоа во палестинскиот бегалски камп Аруб, сместен јужно од градот Ел Халил (Хеброн), потоа контролната точка Календија која се наоша меѓу Кудс и Рамалах, градовите Белин, Налин и Неби Салих западно од Рамалах, Кефр Кадум во близина на Наблус и појасот Катана северно од источен Кудс. Палестинската младина, наспроти оганот од израелските војници, одговори со фрлање камења и палење гуми.

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека на Западниот Брег во повеќе подрачја се повредени 16 демонстранти, од кои 5-мина со вистински куршуми, додека 11 со пластични куршуми. медицинска помош побарале 37 лица кои биле под влијание на солзавец.

Министерството за здравство на Палестина објави писмено соопштение во кое се наведува дека во настаните кај Рамалах, под изговор дека постоел обид за напад со нож, изралеските војници отвориле оган, при што е рането едно лице.

Од друга страна, изралеската полиција даде писмено соопштение во кое се вели дека во Рамалах постоел обид за напад со нож, истакнувајќи дека притоа еден припадник на граничната полиција е полесно повреден.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.